Мисајловски: Владата на СДС и ДУИ секој ден збори за ЕУ, а секој ден краде, тоа не е европска вредност

Секој кој згрешил пред законот треба да одговара, без разлика кој е, само така ќе може да почнеме реформи, рече Владо Мисајловски, потпретседателна ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Тој посочи дека има се повеќе ислелени, има се помалку првачиња, ама секогаш има пари за роднините, децата на функционери пред се на ДУИ. Мисајловски се осврна и на последниот случај во кој тендер за реконструкција на салата Борис Трајковски доби фирма која заедно со сопственикот се најголеми донатори на ДУИ, чија донација е незаконска бидејќи го надминува законскиот лимит.

„Како може фирма блиска до ДУИ, донатор, потоа со сопственик роднина на поранешен вицепремиер да добие тендер во вредност од околу 2 милиони евра за реконструкција на салата за состанок на ОБСЕ. Владата на СДС и ДУИ освен што прави криминал, мести тендери не знае ништо. Сведоци сме на низа неболузони случаи. За сите тие ќе мора да се одговара“, кажа Мисајловски.

Димитар Ковачевски само се кара со пратеници, оди на настани како овој во Словенија, но вели Мисајловски, ништо не прави за Македонија.„Не може премиери од други држави да ја бранат Македонија, како на пример што тоа го направи Андреј Пленковиќ. Ковачевски како да се воодушевува од настаните и за Македонија не прави ништо. Граѓаните воопшто не ги слуша кои јасно кажуваат дека не сакаат под вакви услови да се менува Уставот. Оваа власта треба да знае дека повече од 70-80 проценти од граѓаните се разочарани од оваа власт“, посочочи Мисајловски.

Оваа Влада, додава Мисајловски, ни кажува за ЕУ, а никако не почнува реформи, не може да го испорача ниту тоа што го ветила. „Тие зборат за ЕУ, а секој ден крадат, ова не личи на европска вредност. Токму поради ова треба да бидат казнети“, заклучи Мисјаловски.

извор: ВМРО ДПМНЕ