Канал 5: Македонија има државни резерви на нафта од само 5 дена!!!

0
151

Во период кога поради воените судири во регионот државите интензивно се подготвуваат за сите сценарија, во Македонија државните стокови резерви се на историско ниско ниво. Ќе одговара ли некој?

Ова во синоќешното издание на Само Вистина го објави пратеникот Иван Стоилковиќ, а информациите според него биле од „сигурен извор“, објави Канал 5.

Според него ваквата ситуација треба да го запали „црвеното светло“ во институциите, бидејќи во вакви турбулентни години незамисливо е резервите на нафта, лекови, брашно, житарици, сол … да бидат, како што кажа на ниво од само една петина од тоа што треба да бидат.

Информација за овие сериозни обвинувања Канал 5 побара од првиот човек на Агенцијата за стокови резерви Реси Абдурахмани. Тој вели дека недостатоци нема, но и дека потребите се менуваат, а со тоа и количината за резерви која државата ќе ја употребни во случај на кризна ситуација. Тој кажа и дека агенцијата има разерви за нафтени деривати од само пет денови.

Абдурахмани и со предупредување до Стоилковиќ, дека требал да внимава во објавувањето на податоци кои биле тајни.

Инаку, државните резерви за кој Стоилковиќ кажа дека се на само 20% од тоа што е потребно за државата, се употребуваат во вонредни и кризни ситуации, кога државата поради некој фактор не е во можност да увезува или произведува основни потребни за живот на граѓаните.

извор:Канал 5