Дали од средината на следната седмица, односно некаде од среда, четврток ќе ни биде потребна потопла облека? А не како што се навикнавме уште од самиот почеток на оваа пролет, со лесна облека, дури некои граѓани и со куси ракави.
Според она што повеќе нумерички модели го цртаат, од среда очекуваме постепена промена на времето и пад на температурите на воздухот. Поради пристигнување на поладен воздух од север, и тоа на загреана и топла Атмосфера, би можело да дојде и до локален развој на грмотевични облаци (или нестабилна облачност), проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Во ваква состојба, не се исклучуваат ни локални поинтензивни Атмосферски процеси (во форма на невреме), па така е можна и појава на град во делови од Македонија.
Според она што е достапно моментално на нумеричките модели, некаде кон средината, па и во втората половина на овој месец на планините ширум регионот, па така и во Македонија не се исклучува можноста да се случи да провее и по некоја пролетна снегулка, пишува во најновиот метео извештај, метеопрогнозерот Славчо Попоски.