Доаѓа влажен бран од вторник навечер, обилни врнежи и засилен ветар

0
228

Во Македонија под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, од вторник кон крајот на денот и навечер, па во деновите потоа облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд. Повремено и локално врнежите ќе бидат обилни, особено во среда. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
До крајот на неделава локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 л/м2). Поради порастот на температурите  и породорт на потопол воздух од југ повремени врнежи од снег ќе има само на највисоките планински места во Македонија (над 2000 метри надморска височина, но сепак снежната граница особено во текот на ноќта кон среда ќе се спушти под 2000 метри, особено во северните предели.
Во Скопје и околината очекуваме слично време, односно ќе има нови врнежи од дожд во текот на ноќта вторник кон среда и во среда.
Инаку во следните денови минималните температури ќе бидат над нулата, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени, а во најтоплите југоисточни предели температурата повремено ќе се искачува и до 15 степени.
Кон крајот на овој месец, а особено во почетокот на декември и во Македонија е на повидок продор на поларен воздух од север кој ќе услови големо заладување на времето и снег,најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.