Промовиран документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ – го прикажува настанувањето на познатата охридска староградска песна

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во големата сала на Општина Охрид се одржа промоција на документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски. Филмот го прикажува настанувањето на познатата охридска староградска песна ,,Охрид, Охрид убав мил“, авторско дело на последниот голем охридски трубадор Сотир Димитровски-Зингал.
Според зборовите на авторот, овој документарец е прв во серијалот кој ќе биде снимен, со работен наслов „Раскажи песно“, а ќе обработува чалгиски староградски песни и нивното значање за македонската музичка култура.

извор: ФБ перчо Божиновки