Двајца граѓани привела полицијата под сомнение дека вчера попладне ја урнале оградата од поликлиниката „Бит Пазар“ со намера тука да градат паркинг. Како што пренесува СДК.МК станува збор за Н. К. (44) и Ш. Д. (42), кои се осомничени за две кривични дела „узурпација“ и „бесправно градење“.
Од МВР информираат дека за изградба на паркинг немале добиено дозвола од Општина Чаир и дека за случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Вчера во изјава за ТВ Канал 5 директорот на Здравствен дом Скопје, доктор Виктор Исјановски, зборуваше за настанот.
-Некој со тешка механизација и без никаква дозвола за градење доцна вечерва се пробил на просторот на поликлиниката „Бит-Пазар“ и сакал да почне да гради изјави Исјановски.
Д-р Исјановски случајот го пријавил во полиција, од каде веднаш информираа дека на местото се упатени полицајци, а за настанот е известен обвинител.
извор:МВР