Денеска се избира шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција

Денеска се избира нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Право на глас имаат околу 163 обвинители од целата земја.

Инаку, за прв пат изборот се спроведува според новиот закон за јавни обвинители, што значи дека главниот обвинител се бира според гласовите од колегите обвинители.

Во трката за шеф на ова обвинителство се четворица кандидати, Вилма Рускоска која се кандидира за втор мандат, додека Ислам Абази, Едмонд Незири и Деса Пауновска се кандидираат прв пат.

фото: NEWS1