Пронајдени се Аниса и Мелиса!

0
265

Пронајдени се 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса кои исчезнаа пред два дена.

Денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул.„Џон Кенеди“, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12), за кои на 30.03.2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле. По документирање на случајот, малолетничките ќе бидат предадени на родителите.

извор: МВР