Денес, за големиот Христијански празник “Богојавление – Водици” и понатаму ќе имаме натпросечно топло време со услови за слаби локални врнежи од дожд, особено во западните предели. Ќе продолжи да дува јужен и југозападен ветер и тој повремено ќе биде засилен на интензитет.
Температурите ќе бидат натпросечно високи и на повеќе места ќе се искачуваат над 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат до близу 20 степени.
СНЕЖЕН БРАН И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ОВОЈ ВИКЕНД ВО ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА: Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и на Скијачките центри се очекува формирање на снежна покривка од над 30-40 цм, во градовите во западните предели таа ќе биде со висина локално и до 20 цм, понекаде и до 30 цм, во Скопскиот регион, како и во централните, југоисточните и источните предели та ќе биде најмала и ќе изнесува некаде од 3 до 10 цм, понекаде може малку повеќе.
Уживајте во снежниот бран овој викенд, стои во најновата објава од метеопрогнозерот Славчо Попоски.