Трагедија во Црна Гора – Пензиониран полицаец во Подгорица си ги уби синот и сопругата па се самоуби

0
114

Црна Гора ја потресе страшна семејна трагедија.

Синоќа околу еден час по полноќ, М.Д.(51) од Подгорица со огнено оружје ги убил сопругата В.Д.(49) и неговиот 12-годишен малолетен син, а потоа се самоубил .

Како што пишуваат црногорските медиуми, М.Д е пензиониран вработен во Полициската управа .

– Истрагата на лице место ја спроведе државен обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица со учество на балистички експерти и службеници од Одделението за безбедност на Подгорица . М.Д. бил пензиониран вработен во Полициската управа, а В.Д. воспитувач – соопштија од Полициската управа.

Според засега достапните информации, пиштолот кој бил употребен како средство за извршување на ова кривично дело бил во приватна сопственост . На лице место се пронајдени уште две огнени оружја, кои полицијата ќе утврди дали ги поседува законски.

– Според податоците со кои моментално располага Полициската управа, се сомнева дека мотив за извршување на ова кривично дело е наталожената состојба предизвикана од здравствената состојба на член на семејството, момчето кое беше лишено од живот – се вели во изјавата на констатира полициската управа.