Маскирани лица упаднале во католичка црква во Истанбул

0
101

Маскирани напаѓачи извршија вооружен напад врз католичка црква во Истанбул за време на неделната богослужба. Едно лице беше убиено, откри турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Според најавата на Јерликаја, вооружени напаѓачи упаднале во црквата Света Марија во истанбулскиот кварт Саријер во 11 часот и 40 минути по локално време, јавува турскиот сервис на Си-Ен-Ен.

„Денеска во 11:40 часот по локално време во вооружен напад на католичката црква Света Марија во областа Сариер во Истанбул (северно од Истанбул) е убиен Д.Т.“, напиша министерот Јерликаја на социјалната мрежа Икс (Твитер).

 

plusinfo.mk