Пелистер треба и мора да добие гондола, која ќе го направи најстариот Националнен парк атрактивна туристичка дестинација!
Гондола која ќе овозможи превоз до повеќе локации на Баба планина, гондола која ќе им даде можност на сите домашни и странски посетители да уживаат во природните убавини.
Ова е проект кој ќе овозможи развој на туризмот во Битола и регионот.
Оваа иницијатива доаѓа од Иван Чулакоски, советник во Советот на Општина Битола од независната граѓанска иницијатива Поинаку, кој денес по 4ти пат се спушти од врвот на Пелистер по костум, четврта година по ред Чулакоски се спушта од врвот Пелистер за да ги потсети сите чинители дека располагаме со невидена убавина, потенцијал и капацитет за туристички бум во регионот.
Чулакоски ги потсети градските власти :
“Оваа година за Гондола на Пелистер која е едногласно изгласана од сите советници, но Градоначалникот на Општина Битола , Тони Коњановски не сака да ја започне постапката за досега најголемиот проект за развој на туризмот и економијата во Битола и регионот.”
Иако иницијативата за гондола на Пелистер беше едногласно поддржана од сите советници и веќе се издвоени финансиски средства за изработка на физибилити студија, сеуште не е започната никаква постапка за реализација.