Управниот суд поништи уште две незаконски одлуки на Владата со кои беа поништени решенија донесени од моја страна.
Едната пресуда се однесува на одлука со која беше поништено решение со кое се откажува договорот за вработување на работник во МВР на позицијата командир на ПО Ропотово, додека другата пресуда е за акт со кој до Советот на Општина Демир Хисар од моја страна е доставена листа на кандидати за избор на командир согласно Законот за внатрешни работи, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и додава:
Управниот суд со пресудите и овој пат утврди дека за тоа дали предметните решенија уредуваат правни, финансиски или кадровски прашања поврзани со организација на изборите, единствено надлежна да одлучува е Државната изборна комисија, а не Владата.
Исто така, со донесените пресуди Управниот суд уште еднаш го потврди фактот дека сите решенија донесени од моја страна се во согласност со позитивните законски прописи, а Владата со нивното поништување постапила спротивно на Законот за Влада.