Средба Силјановска Давкова – Матарела, разговарале за македонските евроинтеграции и тековните предизвици во тој процес

0
81

Со италијанскиот претседател Серџо Матарела разговаравме за македонските евроинтеграции и тековните предизвици во тој процес.
Благодарност за досегашната поддршка од Италија на политиката на проширување на #ЕУ, како и за позитивниот однос при надминување на меѓусоседските спорови, при приемот на нови членки во Унијата.
Со цел одржување на кредибилноста на процесот на проширување неопходно е почитување на меѓународното право и универзалните демократски вредности.
Благодарност за поддршката од италијанскиот претседател Матарела.
Подготвена сум во иднина заеднички да работиме на јакнење на нашето партнерство и унапредување на севкупната соработка, напиша на својот ФБ профил претседателката Гордана Силјановска Давкова.