Со едноминутно молчење и полагање на свежо цвеќе пред споменикот на тројцата загинати бранители Јане Јакимовски, Горан Стојановски и Момир Стојановски, денеска во Крива Паланка во организација на Здружението на бранители „Херои на Македонија“ им беше оддадена почит на македонските херои.
На спомен-обележјето пред полициската станица во Крива Паланка цвеќе положија семејствата на загинатите бранители, делегации од Општина Крива Паланка, од СВР Куманово, од полициските единици за брзо распоредување, за специјални задачи, за обука и поддршка, од ОВР Крива Паланка , ПС граничен премин Деве Баир, ПС за граничен премин и граничен надзор, од Советот на Општина Крива Паланка, делегации од политички партии, здружение на бранителите, здруженија на пензионери, институции и граѓани.
Во таа чест денеска во Крива Паланка се одржува и традиционалниот меморијален локален турнир во мал фудбал.
По положувањето на цвеќе, продолжи официјалното отворање на 22 Меморијален турнир во мал фудбал во спортската сала што го носи името „Бранители 2001″
Пред присутните се обрати претседателот на Здружението на бранители, Владе Стојановски, кој истакна дека институциите и на локално и на централно ниво секогаш излегуваат во пресрет на нивните барања, а ваквиот начин на изразување пиетет кон бранителите, преку спортски средби, кој веќе 22 години се негува, е нешто што го чува нивното име од заборав.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, се обрати пред присутните, истакнувајќи дека влогот на бранителите во нашата денешна слобода, за која ги положија животите, е незаборавен.

Општина Крива Паланка секогаш го поддржува локалниот меморијален турнир што го одржува споменот за хероите.
Јане Јакимовски (Крива Паланка, 6 јули 1966 – Чаир, Скопје, 21 март 2001) бил македонски бранител, полицаец на СВР Крива Паланка, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 21 март 2001 во трговскиот центар „Чаирчанка“ во скопската населба Чаир откако е пукан во грб.
Горан Стојановски
Горан Стојановски (Крива Паланка, 27 мај 1973 – Брест, Скопска Црна Гора, 8 март 2001) бил македонски бранител, припадник на посебната единица ПЕП, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Убиен е на кукавички начин на 8 март 2001 година откако налетал на нагазна мина во придружба на конвојот со хуманитарна помош. Потоа бил гранатиран од минофрлач од страна на терористите од ОНА.
Момир Стојановски
Момир Стојановски (Добровница, Крива Паланка, 1970 – Теарце, Тетовско, 22 јануари 2001) бил македонски бранител, припадник на СВР Крива Паланка, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 22 јануари 2001 при минофрлачки напад на полициската станица во Теарце, извршена од страна на терористите на ОНА. Момир Стојановски е првата жртва во воениот конфликт во Македонија, 2001 година.