Изабела Страхан војува голема животна битка. 20-годишната ќерка на водителот и спортист Мајкл Страхан се бори со тумор на мозокот и сега го одбележа завршувањето на последната, четврта хемотерапија.
Изабела конечно си замина дома и ќе продолжи да се бори додека ракот не си замине комплетно од нејзиното тело.
Погледнете го видеото кога таа заѕвони на ѕвончето во болницата:
Минатата година, храбрата девојка ја доби страшната дијагноза дека има тумор на мозокот и мина низ операција за отстранување на истиот во октомври.
Изабела постојано споделуваше видеа за да ја долови својата здравствена состојба и да им покаже на другите лица кои се наоѓаат во слична ситуација, дека не се сами.
femina.mk