Голема радост кај 20 годишната Изабела која ја заврши последната хемотерапија поради тумор на мозокот

0
63

Изабела Страхан војува голема животна битка. 20-годишната ќерка на водителот и спортист Мајкл Страхан се бори со тумор на мозокот и сега го одбележа завршувањето на последната, четврта хемотерапија.

Изабела конечно си замина дома и ќе продолжи да се бори додека ракот не си замине комплетно од нејзиното тело.

Погледнете го видеото кога таа заѕвони на ѕвончето во болницата:

Минатата година, храбрата девојка ја доби страшната дијагноза дека има тумор на мозокот и мина низ операција за отстранување на истиот во октомври.

Изабела постојано споделуваше видеа за да ја долови својата здравствена состојба и да им покаже на другите лица кои се наоѓаат во слична ситуација, дека не се сами.

 

femina.mk