Пожарникар од Србија ја изненади саканата со предлог за брак на уникатен начин

Пожарникар од Ниш на креативен начин на запроси својата девојка.

Заљубениот Петар ја покани саканата Александра да погледне како изгледа еден негов работен ден, но кога таа пристигна на пистата, ја очекуваше вистинско изненадување.

Петар клекнат на колено го држеше вереничкиот прстен, додека зад него беше поставен натписот: „Алекс, дали сакаш да се омажиш за мене?“.

„Петар е пожарникар од нишкиот аеродром и сакаше да ја угости својата девојка Александра и да ѝ покаже како изгледа неговиот работен ден. Александра е вработена во нишката полиција. Фотографиите од пистата покажуваат дека таа навистина уживаше, а Петар беше на висината на задачата.“

„Таа рече ДА! Честитки“ – стои во објавата со фотографиите на социјалните мрежи.

 

 

femina.mk