Македонската поп-дива Калиопи се прости од својот татко, кој почина по подолго боледување. Пејачката објави емотивен статус со кој се прости од родителот, од таткото со кого беше исклучително многу врзана.
Калиопи вели дека тој бил нејзина сила, светлост, сјај.
– Тато мој… Моја сила, светлост, сјај… Замина и со себе однесе дел од малечката Опи… Патувај кон светлината и биди сигурен дека во моето име врежано е и твоето, засекогаш… – тажно напиша Калиопи.
фото: ФБ Калиопи