(ФОТО) Дали министрите „заиграа“ фудбал во канцеларија?

Како министрите добиваат идеи или како се „победуваат“ стресни ситуации?

Министерството на Артан Груби уредено како детско игралиште. Или по теркот на прочуените канцеларии на Гугл, во коишто вработените можат да се опуштат со секакви игри за време на процесот на креативно создавање.

Дрим тимот на Али Ахмети се опушта по долг и напорен ден, како што вели Груби.

Тимот го сочинуваат Артан Груби, Бујар Османи, Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, Фатмир Бесими и Насер Нуредини.

Дрим тим 🙂
По долг и предизвикувачки ден, антистрес за да го одбележи заедничкиот успех.
Денес е голем ден, вели „антистресираниот“ Груби.

фото: ФБ Артан Груби