Не очекува стабилен, сув и многу топол викенд – Температурите ќе се искачат до близу 40 степени

0
77

Почитувани мои, за време на овој викенд времето во Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло, особено денес попладне со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а особено Долж Повардарието и тоа особено денес повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје и околината исто така ќе имаме стабилно, суво и сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец, кој особено денес повремено ќе биде  и засилен на интензитет.

Што се однесува до температурите, тие насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи до околу 39 степени. Во Скопската котлина за време на овој викенд максималната температура ќе се искачи до околу 37,38 степени, пишува во најновиот извештај метеопрогнозерот Славчо Попоски.

meteoalarm.mk