Почина најстарата личност на светот на 117-годишна возраст

Марија Брањас Морера го напушти овој свет.

Жената, која во јануари 2023 година се запиша во Гинисовата книга на рекорди како Најстара личност на Земјата, почина на 19 август во дом за стари лица во Шпанија. Таа таму живееше 23 години.

Марија преживеа две пандемии и две светски војни.

„Марија Брањас нè напушти. Почина онака како што посакуваше – во сон, мирно и без болка“ – напиша нејзиното семејство на Х.

Во пост на профилот на Марија на социјалната мрежа X, управуван од нејзиното семејство, стои:

„Се чувствувам слабо и времето наближува. Не плачете, не сакам солзи. И најважно е да не страдате за мене. Ме знаете мене, каде и да одам, ќе бидам среќна, бидејќи некако секогаш ќе ве носам со мене“.

По смртта на Марија, титулата Најстара личност на Земјата ја презема Јапонката Томико Итока, која има 116 години.

 

femina.mk