Германската војска ги зголеми безбедносните мерки околу своите касарни во земјата како одговор на извештаите за можни натрапници, јави ДПА.
Портпаролката на Територијалната команда изјави за ДПА дека Бундесверот „брзо и сеопфатно реагираше низ цела Германија на инцидентите од изминатата недела со зголемени проверки, зголемени патроли, инспекции на системи за оградување и технички безбедносни мерки, затворање на некои области и со ажурирани безбедносни упатства и мерки за подигање на свеста“.
Таа рече дека мерките ќе бидат приспособени на конкретната безбедносна ситуација.
slobodnaevropa.mk