Во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денес беше поставен камен-темелникот на најголемиот проект за социјални станови во историјата на земјата, кој предвидува изградба на 500.000 станбени единици и 50.000 деловни простории во рок од пет години, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган во Синџан, Анкара, присуствуваше на централната церемонија на поставување на камен-темелникот на најголемиот проект за социјални станови во историјата на Туркије, наречен „Мојата прва куќа“ и „Мојот прв деловен простор“. Камен-темелникот беше поставен истовремено во неколку турски градови преку видеолинк.
„Преку оваа активност што ја започнавме во рамките на ТОКИ (Канцеларија за изградба на станбени згради) го зголемуваме бројот на станбени згради што им ги нудиме на нашите луѓе на два милиони“, рече Ердоган.
Тој нагласи дека тоа што бројот на барања за овие станови изнесува речиси осум милиони, потврдува дека тоа е правилен чекор и дека се задоволуваат потребите на луѓето.
Турскиот претседател најави дека првата фаза од 250.000 станбени единици во рамки на проектот ќе биде завршена и ќе биде испорачана до корисниците до 2028 година.
„Денес започнавме една нова иницијатива за урбанистичко планирање која сега ги вклучува сите наши провинции и области во Туркије. Во 2023 година, со поддршка на нашиот народ, ќе продолжиме со изградбата на турскиот век“, рече Ердоган.
Во рамки на проектот во наредните пет години е предвидена изградба на 500.000 станбени единици, 50.000 деловни простории и обезбедување на 250.000 парцели подготвени за градба.
Обезбедени се 50.000 станбени единици за млади од 18 до 30 години, што одговара на 20 отсто од вкупниот број на станови во проектот.
Ердоган претходно најави дека 50.000 станбени единици како дел од проектот за социјални станови ќе бидат изградени во Истанбул, 18.000 во Анкара и 12.500 во Измир.
Посебни квоти се предвидени и за семејствата на мачениците и газиите со по 12.500 станови, додека за пензионерите е предвидена квота од 50.000 станови. Посебни квоти се предвидени и за семејствата на мачениците и газиите со по 12.500 станбени единици, додека предвидена е квота за пензионери од 50.000 станови.
извор:Агенција Анадолија (АА).
фото:Агенција Анадолија (АА).