Пронајдена бактерија во колачиња во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ – кујната е се уште затворена

0
7

Присуство на токсини од бактеријата стафилокока е причината поради која 140 ученици од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од Општина Аеродром во петокот се пожалија на стомачни болки. Земените примероци од бомбиците укажуваат присуство на бактерија, а на еден од садовите пронајдената бактерија укажува на нехигиенски услови при работа. Брисовите на вработените се негативни, објави Телма.

„Од мострите храна, од испитуваниот примерок – бомбици, најдено е стафилококус ауреус и ентеротоксин позитивен, од сите брисови што се земени од површините и од садовите, само на еден сад било најдено зголемен број аеробни меозфилни бактерии што укажуваат на нехигиенски услови. Брисовите од раце на сите вработени ги задоволуваат хигиенските стандарди. Брисовите од грло и нос на вработените се негативни“, изјави Марија Андоновска, директорка на Институтот за јавно здравје.

Од 360 ученици од прво до трето одделение кои се во целодневна настава и се хранат од таа кујна 140 пројавиле симптоми, уште во утринските часови.

Текстот во целост на: Телма