Населението во светот старее и Македонија не е исклучок во овој тренд, се вели во извештајот на Инстутот за јавно здравје (ИЈЗ) објавен по повод 1 Октомври, Меѓународен ден на старите лица.
Во Македонија за десет години, во периодот од 2013 до 2023 година учеството на старото население на 65 и повеќе години се зголемило од 13.1% на 18.1%. Според последните податоци на Државниот завод за статистика вкупениот број на население над 65 години во Македонија е 315. 331 жител, додека бројот на новородени се намалува.
Жените имаат тенденција да живеат подолго од мажите и на тој начин го сочинуваат мнозинството постари лица како кај нас така и во светски рамки.
Бројот на луѓе на возраст од 65 години или постари ширум светот се предвивува да се зголеми двојно повеќе, зголемувајќи се од 761 милион во 2021 година на 1,6 милијарди во 2050 година. Бројот на луѓе на возраст од 80 години или постари расте уште побрзо. На глобално ниво, бебињата родени во 2022 година се очекува да живеат 71,7 години во просек, 25 години подолго од оние родени во 1950 година. Стареењето на населението е неповратен глобален тренд. Во 2021 година 1 од 10 луѓе во светот биле на возраст од 65 години и повеќе. Во 2050 година оваа возрасна група се предвидува да опфаќа 1 од 6 луѓе на глобално ниво.