Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), како и на стабилна и сува воздушна маса, до самиот крај од овој месец во Македонија ќе имаме стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе биде и претежно тивко.
Наутро останува студено и со појава на магла по котлините и по речните долини, која во текот на денот ќе се расчистува. Преку денот ќе имаме пријатни температури и истите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 23 степени.
Во Скопје и околината, до самиот крај од овој месец времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде и претежно тивко, па наутро ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност, која во текот на денот ќе се расчистува. Температурите остануваат без промени и преку ден ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 22 и 23 степени.
Уживајте додека можете во преубавите сончеви есенски денови со пријатни температури на воздухот, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.