Антициклонот и стабилното и суво време во Македонија ќе се задржат до крајот на месецов!

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), како и на стабилна  и сува воздушна маса, до самиот крај од овој месец во Македонија ќе имаме стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност.  Ќе биде и претежно тивко.

Наутро останува студено и со појава на магла по котлините  и по речните долини, која во текот на денот ќе се расчистува. Преку денот ќе имаме пријатни температури и истите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 23 степени.

Во Скопје и околината, до самиот крај од овој месец времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде и претежно тивко, па наутро ќе има услови за појава на магла  и на ниска облачност, која во текот на денот ќе се расчистува.  Температурите остануваат без промени и преку ден ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 22  и 23 степени.

Уживајте додека можете во преубавите сончеви есенски денови со пријатни температури на воздухот, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk