Семејството Зикови од Штип денес има специјален повод за славење. Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина наполнија една година.
По повод првиот роденден на слатката четворка, родителите Благица и Александар споделија фотографии од дечињата.
Среќната мајка напиша и емотивна порака за оваа година полна со љубов:
Додека ве носев така малечки во моите раце, додека спиевте на моите гради го чувствував вашиот бебешки мирис, не ни помислував колку брзо ќе пораснете и еве денес полните една годинка.
Една година исполнета со бебешки звуци, со многу галење, гушкање со мамичка и татичко.
Вие сте нашиот дар од Бога. Имајте среќно и благословено безгрижно детство.
Мама и тато ќе направат сè да ја добиете најголемата љубов во вашето детство.
Растете ми растете мали мои дечиња.
Дека ви е среќен првиот роденден.
femina.mk