Една жена почнала да влегува во водата за да нурка и во последен момент погледнала во водата да види што се случува, бидејќи налетала голема бела ајкула која ја отворила устата и…
Жената била на помал брод и се подготвила за нуркање. Таа ставила перки, маска и почнала да се спушта во водата. Ако сосема случајно не ја спуштела главата во вода за да провери што се случува под површината на морето, немало да биде жива.
Ја завртела главата и во последен момент здогледала голема бела ајкула како се движи кон неа!
Таа успеала со брза реакција да го избегне нападот на ајкулата и да се врати назад, односно да стане од скалите и да седне на бродот.
Ајкулата ја извадила главата од водата со широко отворена уста. Оваа неверојатна сцена е снимена и објавена на социјалната мрежа „ТикТок“, пишува „Дејли Стар“.
Не се знае точно каде се случило ова, ниту пак датумот на случката. Видеото на „ТикТок“ за кратко време има голем број прегледи, многу корисници на оваа социјална мрежа сè уште го гледаат во неверување.
Едно лице напишало: „Дами и господа, ви ја претставувам најсреќната личност на светот“, додека друга личност напишала: „Би бил преплашен и истрауматизиран од океанот до крајот на мојот живот“.
@fishingfins JUST TAKING A PEEK 😀😀!!! Video credit ? #fishingfins #snaponlures #fishing #wahoo #tuna #mahi #marlin #sailfish #saltlife #pelagic #saltwaterfishing #offshorefishing #fishinglife #fishingtips #fisherman #anglers #ocean #marlin #marlinfishing #fishingticktocks #fyp #fishtok #ftb #offshore #shark #sharkattack #tigershark #diving #scubadiving ♬ Jaws Theme – Jaws
tocka.com.mk