(ФОТО) Го искршил БМВ-то од синот со копач за да не вози пијан

Со години сме сведоци на бројни примери како возачите на скапи тркачки автомобили БМВ не се многу внимателни во сообраќајот.

Уништеното купе BMW од Серија 3 е резултат на девијантно однесување. Но, ова БМВ не учествувало во несреќа, туку така изгледа бидејќи сторителот сакал автомобилот да не учествува во евентуална несреќа.

Работите стануваат појасни кога ќе кажеме дека автомобилот го демолирал таткото на сопственикот на автомобилот. Тој ги скршил стаклата од автомобилот и ја вдлабнал шасијата на места за да го спречи синот да вози под дејство на алкохол. Фотографијата ја објави полицијата во Логроно, Шпанија, со информација дека во текот на ноќта бил оштетен паркиран автомобил, а очевидци виделе џип како со голема брзина се оддалечува.

Полицијата го запрела теренецот и идентификувала две лица во него, таткото кој го демолирал автомобилот и 32-годишниот син на совозачкото седиште. По истрагата ја дознале позадината на немилиот настан. Таткото се обидувал да го убеди синот дека е премногу пијан за да вози. Кога не сакал да му ги даде клучевите од БМВ-то, таткото се налутил, земал копач и го искршил автомобилот.

 

vecer.mk