Естрадниот новинар Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци за жал ја загуби битката за живот откако ракот беше кобен за него.
Денес беше испратен во вечното почивалиште на гробиштата во Катланово, а на погребот беше и неговата долгогодишна другарка Лила Филиповска со која не беа добри во последно време.
Лила попладнево се огласи на својот Инстаграм профил до јавноста по повод заминувањето од овој свет на Зоки Фаци.
Кратрко требаше поради овој нејзин потег да се огласат Боки 13 и Стефан Лазаров.
Трпеливоста била одлика на зрел човек. Божее. Не одлика на зрел човек е да се јавиш на болниот пријател и да бидеш тука до него додека е жив (не се јави ниеднаш и беше блокната до крај). Ај ве молам, па по лицемерно нешто никад немам видено. На крај и фала ќе треба да и кажеме. Мрш.
А знаете зошто му се налути? Само затоа што почна поткаст со мене. Нејзиниот одговор беше на тоа дериште ли ќе мѕ дигаме гледаност, а замислете Зоки и го спаси живото. Денес во Фаца ти кажаа неговите блиски што заслужуваш. Џабе ти е се.
Зошто сум гневен? 2 дена пред да почине Зоки коментираше како е возможно да не мѕ се јавиш, се прашуваше што толку ти згреши. Епа боли сестро кога немаш одговор а го гледаш дека му е мака. Бог нека те прости.
Жесток беше и Боки кој меѓу другото на стори на Инстаграм со видео порака кажа:
-Ужасно сум згрозен од нејзиниот маркетинг маневар да се појави на погребот за Зоки ќе го ставам во категорија на бизар и лешинарство. Јас ќе кажам едно огромно фуј.
metropola.mk