(ВИДЕО) Направени најбрзите чевли на светот, наликуваат на ролери

Придвижени се од вештачка интелигенција и алгоритам кој им овозможува на корисниците нормално да одат без контрола на рацете.

„Moonwalkers не се ролери, тоа се чевли. Всушност, најбрзите чевли во светот. Во нив не се лизгате, туку одите. Не мора да научите како да ги користите, чевлите ве учат вас“, напиша Сунџи Занг, основач и извршен директор на компанијата Shift Robotics.

Технологијата овозможува да одите горе-долу по скали и да застанете на раскрсници без страв од судир, тврдат од компанијата.

Во продажба ќе бидат пуштени како дел од Kickstarter кампања. Во март, 2023 година ќе бидат достапни по малопродажна цена од 1.399 долари.

Идејата за чевлите настанала кога основачот на компанијата за малку ќе бил удрен од автомобил додека возел скутер на пат кон работа.

https://twitter.com/i/status/1585722006082707456

 

kajgana.mk