Пејачката Марина Радосављевиќ била претепана синоќа во Врњачка Бања. Нападот се случил околу 19:30 часот пред локалот каде Марина требало да настапи.
-Вечерва ми се случи една многу страшна работа околу 19:30, страшна пред се за секоја припадничка на понежниот пол, а потоа и за жена која се занимава со јавниот живот, музиката. Јас сум во неверување, но сум толку добра и ментално стабилна што обидот за заплашување, тепање и евентуално убиство можам да го сведам на кукавичлук и лошиот систем на функционирање на денешницата и се што е далеку од срцето и од Бога. Дали сме во Тексас или Врњачка Бања, Србија?! Се чувствувам исклучиво разочарана и незаштитена, напиша пејачката.
Таа објасни дека синоќа, откако дошла на местото каде треба да има настап, излегла од автомобилот, а двајца мажи ја нападнале.
View this post on Instagram
-Двајца крупни мажи, без никаков вербален разговор, ме нападнаа маскирани. Еден од нив невешто испрска солзавец, другиот ме собори на земја и двајцата ме тепаа, без никаква причина. Значи, кој и да е и што и да сакал да постигне со ова, треба многу да се срами, по која било основа и со било какви мотиви, истакна Марина.
Таа очекува надлежните органи да го решат случајот.