More

    Петков ќе го разреши министерот за одбрана – „Мојот министер за војна не може да го користи зборот „операција“

    За време на вонредната изјава на Советот на министри,бугарскиот премиер Кирил Петков рече дека бара оставка од министерот за одбрана Стефан Јанев. Петков додаде дека за разрешувањето на Јанев ќе се расправа на вонредна седница на владата денеска, а ќе се гласа и на вонредна седница на парламентот утре.

    Изборот ќе следува откако Јанев на социјалната мрежа Фејсбук, коментирајќи ја инвазијата на Русија над украина напишал дека на 200 километри од Бугарија се одвива „операција“. Тоа не било во склад со проевроспката политика на Бугарија.

    – Ниту еден министер нема право на сопствена надворешна политика, особено на Фејсбук. Мојот министер за војна не може да го користи зборот „операција“ наместо зборот „војна““, рече тој за ситуацијата на Украина.

    Петков посочи дека успешно соработувал со министерот Јанев во време на техничка влада, но во моментов сите коалициски партнери се едногласни за неговата оставка.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    28.8 ° C
    28.8 °
    28.8 °
    42 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    26 °
    Fri
    35 °
    Sat
    36 °
    Sun
    26 °
    Mon
    20 °
    spot_imgspot_img