СДСМ не живеат во паралелен свет, туку живеат во паралелен универзум. Розевите прес конференции на СДСМ немаат врска со реалноста која ја живеат граѓаните. Народот се соочува со инфлација од 8,8% во месец март, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение го пренесуваме во целост:
Граѓаните се соочуваат со повисоки цени на горивата од 70% во споредба со пред година дена. Цената на лебот е зголемена за 110%, маслото за јадење е поскапено за над 30%, струјата за 30%, парното за 15%, сите основни намирници се поскапени за 30-50%, а СДСМ ги убедуваат граѓаните дека семејствата заштедиле и дека е спасен стандардот на граѓаните. Платите и пензиите ја изгубија трката со поскапувањата и инфлацијата.
Да не е тажно би било смешно.
Над 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија, а функционерите на власт во криминални зделки плаќаат милион евра за семинарски труд.
Ете до каде забега оваа власт. Поради нивните погрешни економски политики растот на БДП на Македонија е убедливо најнизок во споредба со земјите од регионот. Поради нивните погрешни економски политики долгот достигна 61% од БДП и ја надмина психолошката граница од 7 милијарди евра.
Народот ја виде негрижата и апашлукот на оваа власт на СДСМ и ДУИ. Народот бара промени.