(ВИДЕО) Стариот чинар во Калишта кој датира од времето на Цар Самоил

Посебно свето место кое се наоѓа на јужната страна од Струга е манастирскиот комплекс Калишта.  Тука се наоѓа голема црква посветена на Пресвета Богородица, како и уште една црква посветена на Светите Петар и Павле.

Манастирот лежи на самото Охридско крајбрежје, во прекрасен и природен карпест амбиент.

Централно место во комплексот има малата пештерска црква. Изградена е некаде во 14 век и претставува основа на целиот манастирски комплекс.

Оваа мала црквичка направена во карпа се состои од три монашки ќелии, две на долниот и една на горниот кат. Во секоја од ќелиите се влегува низ сосема мала и тесна врата, а и самите ќелии се мали простории полни со историја и духовност. Достапни се за посетители, па секој може да зачекори по стапките на монасите и да понесе дел од нивниот внатрешен мир.

Исто така, вреди да се спомене и вековниот чинар во дворот на манастирскиот комплекс во струшко Калишта. Во еден од конаците постои параклис посветен на Св. Теодор Тирон, изграден и живописан во 2002 година. Монасите од братството го користат за совршување на своите молитвени правила во зимскиот период. Овој параклис, а всушност и целиот конак, е надвиен од вековните гранки на стариот чинар, кој го зазема централното место во манастирот. Стар е 645 или 700 години и се верува дека неговиот постанок е паралелен со населувањето на првите монаси во овој комплекс.

Се смета дека овој чинар е од времето на цар Самоил.