И српската православна црква, иако не ги осуди воените дејствува на Русија врз Украина, се вклучи во помошта кон Украинците.
СПЦ засега е една од ретките цркви, исто како и МПЦ-ОА, која не соопшти свој став за настаните во Украина.
Сепак денеска, Српскиот патријарх по литургијата објави дека сите средства собрани во црквите на СПЦ овие денови ќе и бидат дарувани на Укаринската православна Црква и на митрополитот Онуфриј, кој за потсетување ја осуди воената интервенција на Путин врз Украина.
-Во духот на денешните евангелски пораки и молитви да се сетиме на сите оние кои страдаат денес во Украина. И повторно во духот на дененешното евангелие, јас ве молам, така сме одлучиле, сите прилози кои се собираат во храмовите на светата Литургија и надвор од нив, денеска и овие денови да ги испратиме на Украинската Православна Црква и нејзиниот митрополит Онуфриј и тоа да биде нашскромен прилог и израз на љубов, а тој да ги достави таму каде е потребно, а сигурно дека е потребно. Да се молиме за мир во Украина уште денеска, изјави српскиот патријарх Порфириј.
извор/фото: агенции