Зона без автомобили во центарот на Париз

0
360

Градската управа на Париз најави воведување зона без автомобили во централниот дел на градот. Од 2024 година, сообраќајот со автомобили ќе биде забранет во повеќето централни париски окрузи, со што просторот ќе биде резервиран исклучиво за пешаци, велосипедисти, јавниот превоз, лицата со посебни потреби и локалното население. Прекршителите на забраната ќе подлежат на големи парични казни.

По воведувањето ограничување на брзината од 30 километри на час низ градот, намалувањето на голем број ленти и уредувањето на велосипедската инфраструктура, во центарот на Париз има намера да се воведе зона наменета исклучиво за пешаци и велосипедисти, такси возила, лица со посебни потреби и локални жители. Тоа е огромна централна област на градот што ги опфаќа повеќето од првите четири париски арондисмани и делови од петтиот, шестиот и седмиот, и се протега од Place de la Concorde на запад и  плоштадот Place de la Bastille и булеварот Bourdon на исток под големите градски булевари северно од десниот брег на Сена и над булеварот Saint-Germain на левиот брег. Воведувањето на оваа зона е планирано најдоцна за почетокот на 2024 година.

Слични мерки се спроведени во неколку поголеми градови во Франција, како и во европските градови како Мадрид, Милано или Рим. Тие го намалуваат протокот на возила во центарот на градот, а овозможуваат слободно и безбедно движење на пешаците и велосипедистите и јавниот превоз и одредени категории (мештани, лица со посебни потреби и намалена мобилност, занаетчии, сопственици на продавници). Од друга страна, строго е забрането движењето на други возила во околината.

 

 

извор/фото: агенции