More

    Албанија го затвори воздушниот простор за руски авиони

    Албанија од синоќа го затвори воздушниот простор за сите руски авиокомпании или секој авион регистриран во Русија, информираше министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка.

    Според неа од тоа се изземаат оние летови кои се за хуманитарни или медицински цели или меѓудржавни потреби.

    Џачка информираше и за други економски санкции против Русија, што ќе траат „сè додека Русија продолжува со агресијата врз Украина“.

    – Економските санкции опфаќаат ограничувачки мерки во секторот финансии, енергија, транспорт и технологија. Исто така Албанија нема да учествува на ниту еден спортски натпревар со Руската Федерација, истакна меѓу другото Џачка соопштувајќи ја одлуката на албанската Влада.

    Во целина рестриктивните мерки ќе важат за 654 личности и 52 субјекта. Дополнително, како што нагласи, воведена е забрана за патување на албанска територија за лица наведени од ЕУ.

     

    извор/фото: агенции

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    28.8 ° C
    28.8 °
    28.8 °
    42 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    26 °
    Fri
    35 °
    Sat
    36 °
    Sun
    26 °
    Mon
    20 °
    spot_imgspot_img