Турски пратеник заврши во болница по тепачка во Парламентот.
Meclis'te kavga: AKP'li Zafer Işık, İYİ Partili Örs'ün başını yardı!
— BirGün Gazetesi (@BirGun_Gazetesi) December 6, 2022
Опозициски пратеник е хоспитализиран по тепачката која се случи по тензичната дебата за државниот буџет за идната година. Телевизиите објавија снимки од десетици пратеници од Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган и опозициските политички групи во меѓусебна физичка пресметка со тупаници.
Хусеин Oрс, пратеник од опозициската „Добра партија“ колегите го удриле во лицето и до доаѓањето на итната медицинска помош, за него се грижел негов колега, по образование доктор. Oрс има проблеми со срцето и по итното пренесување во болница, превентивно бил сместен на интензивна нега.