Mакедонскиот атлетичар Андреас Трајковски на Отвореното првенство во Данска, постави нов национален рекорд во скок во далечина во сала

Mакедонскиот атлетичар Андреас Трајковски на Отвореното првенство во Скиве, Данска, постави нов национален рекорд во скок во далечина во сала, со резултат од 7 метри и 65 сантиметри, што е за 32 сантиметри подобар од претходниот рекорд, кој членот на АК Работнички го постави во Малме, Шведска пред две недели.

Покрај во скок во далечина Андреас настапи и на трката на 60 метри каде го постави своето најдобро време за оваа сезона, со резултат од 6.90 секунди, ова време е само за една стотинка послабо од неговиот личен рекорд кој изнесува 6.89 секунди, односно само за 4 стотинки од македонскиот рекорд 6.86 секунди. Трајковски на оваа трка постави неофицијален светски рекорд во најбрза реакција од стратен блок. Според правилата на Светската Атлетска Федерација (WA), времето на реакција- измерено од сензори во стартниот пиштол и на стартните блокови, доколку е помало од 0,100ms покажува дека тркачот предвреме ја стартувал својата трка и со тоа ќе биде дисквалификуван. Нашиот атлетичар Андреас и во две трки на 60 метри (квалификации и финале) имаше реакција од 0.100ms.

Неофицијалниот светски рекорд за најбрза реакција на старт ја имал атлетичарот Бруно Сурин од Канада во полуфиналната трка на 100 метри на Светското првенство во Севиља 1999 година, каде неговата реакција била 0.101ms.