More

    (ВИДЕО) Граѓани го гаѓаа Петков со снежни топки, викаа „НАТО надвор“, „Предавници“

    Бугарскиот премиер Кирил Петков доживеа инцидент на одбележувањето на националниот празник по повод ослободувањето на Бугарија, кое традиционално се одржува на врвот Шипка во Бугарија. На свеченото одбележување, заедно со Петков, присуствуваа и претседателот на Народното собрание, Никола Минчев и пратеници во бугарскиот парламент.

    Петков го пречекаа скандирања „Предавници“ и „НАТО надвор“ од страна на насобрани граѓани, кои традиционално во голем број и годинава го посетија врвот Шипка. Многубројни бугарски, но и руски знамиња, исто така, можеле да се забележат на настанот.

    Обраќање на настанот имаа и Минчев и Петков, но тие се надвикуваа со насобраните бугарски граѓани бидејќи постојано им упатуваа свирежи и извикуваа „Оставка“.

    Потоа Петков набргу веднаш се упати кон граѓаните од каде што беше фрлена снежната топката. Обезбедувањето кое го опколуваше, иако се обиде, не успеа да го спречи во намера. Бугарскиот премиер се обиде да разговара, но со оглед на големата врева од видеата од настанот не може да се слушне што зборуваат.

    Во говорот по повод ослободувањето на Бугарија, пак, Петков зборуваше за обединување.

    извор: 360stepeni.mk

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    4.6kmh
    0 %
    Wed
    25 °
    Thu
    28 °
    Fri
    29 °
    Sat
    29 °
    Sun
    29 °
    spot_imgspot_img