More

    Лекарите утре ќе протестираат, ќе примаат само итни случаи

    Матичните доктори и докторите специјалисти од секундарното здравство, од Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) утре мирно ќе протестираат во своите амбуланти и нема да работат со пациенти закажани преку „Мој термин“, туку ќе примаат само итни случаи.

    Ова е нивни револт кон надлежните откако не е исполнет рокот од две недели за спроведување на нивните барања даден на средбата на претставници на Здружението со заменик – министерот за здравство Владимир Рендевски, во која малку подоцна се вклучил и министерот за здравство Беким Сали. Рокот кои тие го дадоа беше за формирање на работни групи, кои ќе работат на проблематиката, а тој истече денеска напладне.

    Бидејќи никој од надлежните не ни се јави ние се решивме повторно на мирен протест, најави на денешната прес-конференција д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛМ.

    Ваквата одлука ја донел Управниот одбор на ЗПЛМ, одржана во неделата, кога се договориле да чекаат до денеска напладне, во спротивно повторно да протестираат како пред две недели.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    0.5kmh
    75 %
    Tue
    28 °
    Wed
    28 °
    Thu
    27 °
    Fri
    28 °
    Sat
    19 °
    spot_imgspot_img