Русија бара итна средба на СБ на ОН поради американски „воени биолошки активности”

Русија побара средба на Советот за безбедност на ОН за денеска поради, како што тврди Кремљ, развивањето биолошко оружје од страна на САД во Украина, соопштиДмитриј Полиански, првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН.

„Руската мисија побара состанок на (СБ на ОН) на 11 март за да се разговара за воените биолошки активности на САД на територијата на Украина”, напиша Полиански на Твитер.

Засега нема потврда дека ќе се одржи итен состанок, јави ДПА..

 

извор/фото: агенции