Рускиот патријарх Кирил целото свое послание за велигденските пости го посвети на војната во Украина, правдајќи ја руската воена интервенција, користејќи ја реториката на Путин, дека Украинците и Русите се едеин ист народ.
Со други зборови, денес во конфликт влегоа два братски народи – но по суштина еден, рускиот народ, вели Патријархот Кирил.
Времето на Великиот пост е време на покајание и молитва. Заради што? За да се ослободиме од заробеништвото во кое запаѓаме, правејќи безбожни, грешни дела. Ние сме заробени од гревот. Човек не ни забележува како се случува тоа – некаде кажал лага, некаде ги искривил фактите, некаде одговорил несоодветно и го навредил соговорникот. Од толку мали конфликти расте отуѓеноста, луѓето стануваат непријатели. И понекогаш конфликтите се поттикнуваат од трето лице кое има интерес да се караат двајца луѓе – ова се случува постојано. Сите, веројатно, поминале низ такво искушение, кога ќе сфатиш дека, немајќи ништо лошо во срцето кон друга личност, одеднаш стануваш непријател во неговите очи. А потоа се покажува дека некој работел и го инструирал оној кој секогаш се однесувал добро со тебе и со кого ти секогаш си се однесувал добро, дека си негов непријател, дека правиш нешто лошо, дека нешто си замислил, вели патријархот Кирил.
религија.мк