Спасовски: Двојазични амблеми ќе има само за службите на локално ниво, таму, каде што официјален јазик е и албанскиот

0
552

Уредбата што неодамна ја донесе Владата двојазични амблеми ќе има само за службите на локално ниво, таму, каде што официјален јазик е и албанскиот, вели Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Таму каде што на локално ниво се работи, значи за амблемите на униформа на локално ниво во градови каде што официјалниот јазик е албанскиот јазик. Значи, на централните служби кои се однесуваат за цела држава нема никаква промена да има во делот на униформите, сходно на тоа и на единицата „Тигар“ и на „Единицата за брза распределба“, рече Спасовски

Тој додаде дека се остава период од една година за имплементација заради тоа што има постапка за трошењето на буџетските пари.

-Ние моравме тие чекори да ги запазиме и затоа се промени легислативата во овој дел. Имавме година дена период на усогласување за да се спроведат постапките. Значи, тоа е нормална работа која што се спроведува, не е ништо ново посебно во овој дел што би предизвикало какви било други проблеми, нагласи министерот за внатрешни работи.