Утре (четврток) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво, сончево и топло, со појава на умерена локална облачност, додека во петок повторно на кратко и локално ќе има услови за краткотраен локален дожд, проследен со ретки грмежи.
Утре (четврток), како и во петок повремено ќе засилува и ветерот од југозападен правец, особено во западната половина од државава и во Пелагониско.
Во Скопскиот регион утре (четврток) времето ќе биде стабилно, суво, сончево, и топло со појава на умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во петок во делови од регионот ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе бележат тенденција на пораст и ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14, што значи дека тие ќе бидат во позначителен пораст, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 11 и 13 степени, додека максималната дневна температура ќе се искачува до околу 27 степени, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.