Македонија дел од кружните тури кои се нудат во Австрија. Во понудата Охрид и Скопје се како дел од поголема кружна тура низ Балканот која се нуди по цена од 799 евра и од вчера се рекламира на флаери кои се дистрибуираат низ супер маркетите на Лидл во Австрија.
Понудата потенцијалните туристи може да ја купат и онлајн и да патуваат на повеќе дневна тура низ Балканот.
Понудата за балканската тура е на страните на флаерот за попусти и цени во Лидл кој за пазарот во Австрија има тираж од 2 милиони примероци.