САД: Во пукање во трговски центар во Јужна Каролина повредени 12 лица

0
273

Десет лица се повредени во пукотница во трговски центар во американската сојузна држава Јужна Каролина, соопшти синоќа полицијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Две лица се повредени во стампедото во трговскиот центар „Колумбијана Центар“ во Колумбија, главниот град на сојузната држава.

Како што изјави началникот на полицијата на Колумбија, Вилијам Холбрук, приведени се тројца осомничени.

„Она што го знаеме е дека најмалку три лица се видени со огнено оружје во трговскиот центар“, рече тој на прес-конференција.

Истрагата е во тек.

извор: Агенција Анадолија (АА).